Донела бездомничка во салон и целосно ја трансформирала: Кога излегла од кај фризерката никој не можел да си поверува дека тоа е истата жена

Добивај вести на Viber

Приказната за трансформацијата на бездомничката Рита доаѓа од Турција. Сопственичката на салонот за убавина Шафаг Новруз била решена да го промени тешкиот и осамен живот на една несреќна жена за едно попладне.

Шафаг е професионален стилистка и шминкерка кој со години работи со девојки и жени за важни настани - прослави и свадби. Занемарениот изглед на Рита бил предизвик за Шафаг која сакала несреќната жена да се чувствува убаво барем на еден ден.

Откако го изгубила синот, Рита завршила на улица и преживеала собирајќи кеси и пластични шишиња. Сонувала да најде работа и ја барала, но не успеала поради нејзиниот изглед.


Шафаг, која била трогната од приказната на Рита, била подготвена да ѝ помогне физички да се промени и да продолжи со својот живот.

View this post on Instagram

A post shared by Shafag Novruz (@shafaqnovruz)



Трансформацијата вклучувала педикир, маникир, посета на стоматолог, козметичар и на крајот шминка и фризура.


Шафаг сними сè и објави на Инстаграм дека трансформацијата ќе биде следниот чекор во новиот и подобар живот на Рита.

Foto:screenshot