Double denim: Кајли Миног во фантастична лежерна комбинација идеална за пролет

Добивај вести на Viber

Таа точно знае како да се појави на црвениот тепих, но не престанува да не воодушевува и со нејзините секојдневни комбинации.

На аеродромот во Њујорк, папараците ја фотографирале Кајли Миног која демонстирала чувство за мода - овој пат прилагодено за далечни патувања.

Насмеана и убава, оваа дама е вистинска инспирација за сите девојки на кои стилскиот ДНК им е сочинет од лежерност, но сепак со мал твист.


Пејачката и актерка се одлучила за skinny jeans кои ги комбинирала со женствена розе блуза на туфни. Кежуал варијантата ја финиширала со јакна во иста текстура , како што се и фармерките, но сепак со детали целосно го оплеменила изгледот.

Во cowboy манир, Кајли тексас комбинацијата ја споила со каубојки, браон ремен и бела чанта која ја држела во рака. Сепак, завршната стилска слика и одмерена елеганција ги споила со фантастичен шешир во пудра боја.