Дождот на свадбата им донел среќа: Светлана и Мики Црнокрак слават 26 години од бракот

Добивај вести на Viber

Светлана и Мики Црнокрак денеска слават 26 годинa брак. Тие се двојката која веќе со  години успешно го води модното студио „Црнокрак“ . 

На социјалните мрежи, Мики се потсети на нивната венчавка и објави фотографија на која се тие двајца на денот на нивната свадба, споредувајќи како изгледаат денес.



Во една прилика, за Женски магазин, Мики и Светлана ја раскажаа нивната љубовна приказна.

„ Се запознавме каде на друго место ако не на модна ревија и тоа во Битола, една ипол година пред нашата свадба, која се случи точно на овој ден, 11 октомври во 1997 година. Тој ден не беше сончев како овој. Свадбата ќе ја паметиме по големото невреме и силниот дожд кој не ни пречеше, а старите ни го протолкуваа како добар знак за среќен и бериќетен брак“, раскажа Црнокрак додавајќи сека постарите биле во право. 

„Кога се запознавме, се случи љубов на прв поглед, па потоа дојде и и втор и трет“, вели Светлана. „На почетокот на љубовта ништо не ни пречеше еден кај друг, а и сега по 21 годинa брак се навикнавме и се прилагодивме на се, па дури и на тоа што можеби ни пречело“, ни раскажа Цеце, која е еден од најуспешните домашни женски модели. 

За Мики и за Светлана, љубовта и плодовите на љубовта се основните работи за еден успешен брак, надополнети со разбирање, почит, компромис. Круна на нивната љубов се ќерките Моника и Нина. 

Ќерките се најголемата гордост на Црнокрак, но и нивниот заеднички бизнис, за кој велат дека немаше да е толку успешен ако не го работеа како тим. 


ФОТО: Инстаграм