Др. Рајовиќ: Веќе никој не се срами да го храни своето дете додека тоа гледа во мобилен телефон

Д-р Ранко Рајовиќ, експерт за детски развој и креатор на програмата за учење NTC, има свое мини шоу наречено „Вијугавим друмом са Ранком Рајовићем“ на интернет телевизијата „LinkTV“. Во една од првите епизоди тој зборува за опасностите и последиците од тоа што децата денес често јадат пред екранот.

„Родителите дури седат во кафулиња, го хранат детето во количка додека тоа гледа во телефонот. Никој веќе не се срами од тоа, не се двоумат, тоа стана практично нормално“. - Д-р Рајовиќ ја започнува приказната за хранењето пред екранот.

„На моите предавања кога ќе дојдат родители и ќе видат дека тоа е грешка, збунети прашуваат како сега? Како да го нахранат детето без телефон? Тоа нема да јаде. Тоа значи дека веќе го направиле детето зависник - детето јаде кога гледа во екранот. Мама го храни, тато го држи телефонот и детето јаде“. – објаснува Рајовиќ

Зошто е проблематично хранењето на детето пред екран?

Д-р Рајовиќ вели дека на тој начин детето постојано бара стимулација. Поврзува храна и таква стимулација, а ако не добие телефон, нема да јаде (слична е ситуацијата со кафето и цигарите кај пушачите). Тогаш мајките попуштаат за да го нахранат детето бидејќи секако им е важно детето да јаде. И тогаш влегуваат во уште поголем проблем.

„Ми се јавуваат родителите и ми велат: „Сакавме да го исклучиме екранот, но не можеме.“ Ги прашувам: „Како да не?“ Тие велат дека детето така нема да јаде. Значи детето веќе е измамено, мозокот го измамил и бара ментална стимулација додека јаде“. - вели Рајовиќ.

Што друго подразбира одбивањето храна?

Рајовиќ додава дека, кога детето не сака да јаде, често се случува да бара нешто. Не ја сака понудената храна, па истата ќе му се испасира. И доаѓаме до заклучок дека сè повеќе деца јадат мелена пасирана храна. И влегуваме во проблем.

„Доколку консумира само мека храна, детето нема да ја развие вилицата. Која е последицата? Имаме се повеќе млади луѓе кои вадат по четири заби. Не им ги собира забите во устата. Нашите усти се намалија за 30 години. Тоа не беше случај порано. Некој вели - па што е важно. Значи вадиме четири заби, ако долната вилица е намалена, се намалува и лежиштето за јазикот. Јазикот не е само органот што го гледаме, тоа е многу поголем орган. Ако јазикот нема лежиште, се стиска малку, за милиметар или два и се менува целосната циркулација во устата. Вратата веќе се отвора за некои проблеми со дишењето. Дополнително, стоматолозите велат дека ако даваме само мека храна, ќе има повеќе кариес“. - тврди Рајовиќ

На мислењето на родителите дека млечните заби не се важни, Рајовиќ вели дека тоа е огромна заблуда и дека тие се поважни од трајните заби.

- Ако извадиме млечен заб поради кариес, храната оди исклучиво на другата страна на устата и тие мускули се зајакнуваат, се јавува хипертрофија и овие силни мускули создаваат асиметрија на лицето, го повлекуваат мускулот на вратот и ја менуваат целата оска на глава- пета, се пореметува држењето на телото, 'рбетот се витка, и така доаѓа до сколиоза. Дури и ако детето има рамни стапала, речиси сигурно ќе има нарушување на држењето на телото. Значи, хигиената на забите и цврстата храна се многу важни. Детето треба да ја земе таа храна во раце, а не да го храниме“. – заклучува Рајовиќ

И нашата препорака е слична - без разлика дали сте во хотел, ресторан, кафуле, не го лажете вашето дете со телефон за да се храни подобро. Сега знаете зошто тоа не треба да се прави.


Извор: zelenaucionica.com

Фото: Принтскрин/Јутуб/Vijugavim drumom