Драгана Мирковиќ ја накити елката, замокот сега изгледа уште поубав: Сите коментираат дека таков луксуз не виделе (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Домот на Драгана Мирковиќ е прекрасно уреден пред новогодишните празници

Како и другите домаќинки ширум светот, така и Драгана Мирковиќ се потруди адекватно да ја уреди куќата пред празниците. Во централниот дел од дневната соба стои висока и густа елка, а со разни украси во две нијанси. Домот на Драгана Мирковиќ, инаку луксузен замок во сопственост на пејачката и нејзиниот сопруг е украсен со снежно-бели детали со додаток на сребрено-сива боја.

Фолкерката стави лампиони од сите големини и материјали, пердуви и украси во форма на ангели на гранките. Дополнителен украс е мекиот килим кој ја направи зелената елка уште поубава.

Домот на Драгана Мирковиќ пред божиќните и новогодишните празници изгледа навистина бајковито, а не се сомневаме дека за неколку дена домаќинката ќе почне да ја подготвува празничната трпеза околу која ќе се соберат нејзините најблиски. 

Познато е дека наследниците на пејачката Мануела и Марко Бијелиќ веќе некое време не живеат со неа, поради студиите живеат во стан во Виена, но по повод католички Божиќ ќе го посетат семејниот дом и заедно ќе го прослават празникот. Истата ситуација се очекува и на 7-ми јануари, кога православните верници го слават Божиќ.

Извор: story.rs