Драгана Мирковиќ во 40 годинишната кариера, само два пати се фотографираше во бикини: Еве што криела под „наметката“
Музичката ѕвезда Драгана Мирковиќ е една од ретките јавни личности која јавноста немаше можност да ја види во провокативни изданија, а ја видовме во бикини, дури, едвај два пати. Таа најчесто одбивала да се фотографира во костим за капење, бидејќи, како што објаснила, сметала дека не треба да прави такво нешто бидејќи не е модел.
Таа пред неколку години ја искористи можноста и додека се одмара, направи неколку фотографии во едноделно бикини, додека позира во морето, што многумина го дочекаа со ентузијазам.
Да потсетиме, посочувајќи дека не сака да се фотографира во ваков стил, Драгана во една изјави дека би и било непријатно доколку се согласи на ваква понуда.
- На сцената сум 34 години и никој досега немал слика од мене во костим за капење. Кога ме викаа да се сликам, секогаш одбивав. Не сум модел и како пејачка не мислам дека треба да се сликам во костим за капење. Мене ми беше непријатно, искрено“, изјави пејачката во една прилика.
Фото:Фрипик