Драгица Стевковска - Драгче слави роденден: Доби и нешто нежно

Добивај вести на Viber

Секогаш насмевнатата Драгица Стевковска или кај јавноста попозната како Драгче денес слави роденден.

Харизматичната водителка на познатата група на Фејсбук, Дворчето сама се пофали за роденденот. 

Со фотографија на која е таа со убав буќет цвеќе, позитивната и зборлетата Драгче напиша: „За сите кои слават денес па и за мене. Среќен роденден“.

За помалку од два часа, водителката под објавата собра околу 3.000 лајкови и над 1.800 коментари, односно честитки за нејзиниот роденден.

Очигледно Драгче е многу сакана и почитувана личност од јавноста.

Инаку, Драгица јавноста ја запозна преку емисијата „Патот на светлината“, во која таа ги толкуваше соништата. Неколку години по завршувањето на истата, таа е се‘ уште активна на ТВ сцената, иако со малку поинакви проекти. Па од неодамна е водителка на емисијата „Гответе со Дракче“ на Канал 5. 


Фото: Фејсбук/ Youtube - screenshoot

Р.Ж.М.

Драгица Стевковска: На 7 години ме однесоа на гробот на татко ми и дознав дека починал - утредента го прегрнав очувот и му реков „нели ти не си таму под камењата“