Дури 98 отсто од прво до трето одат во училиште, онлајн успешно следат 80 проценти од учениците

Добивај вести на Viber

Од почетокот на учебната година, бројот на учениците коишто следат онлајн настава е зголемен за околу 10%. За неполна недела околу 80% од учениците во средните и основните училишта успешно се приклучија кон онлајн наставата, а овој процент од стартот на годината постојано се зголемува, информира Министерството за образование и наука. Истовремено, од МОН додаваат дека останатите, ученици и наставници во основно и средно образование, пријавиле дека имаат тешкотии при вклучувањето во онлајн наставата, а како најчеста причина ги посочуваат - лошата интернет конекција или немањето уреди. 

Министерството за образование и наука соопштува дека тие се во координација со градоначалниците, локалните самоуправи и директорите на училиштата и се работи на надминување на овие предизвици.

Повеќе информации за оваа тема прочитајте на фактор.мк