Душата ги избира родителите пред раѓањето: Вашето дете не ве избрало случајно вас

Ја знаете ли онаа приказна за „старите души“? Имено сите се раѓаме по неколку пати. Додека телото старее и умира, душата повторно се обновува и раѓа, но во друг облик. Децата може да се разбудат во било кое тело и во било кој временски период, пишува сајтот awarenessact.com.

Понекогаш имаме исти родители како и во претходниот живот, но понекогаш не. Присуството на одредени луѓе во нашите животи се одредува во текот на нашите заеднички дружби, пред повторното враќање во светот на живите.

Ги избираме лекциите кои ќе ги научиме во текот на животот, самиот живот кој сакаме да го живееме и се останато. Со тоа  ги избираме и родителите и партнерите кои ќе ги имаме во следниот живот и кои ќе не научат на тие одредени лекции.

Имено ако во овој живот сте исклучително блиски со некоја личност, голема е можноста во следниот живот да ги замените улогите.

Духовните согласувања се карактеризираат со параметрите на времето, датумите и местата на раѓањето на личноста, вклучувајќи ги сите случки кои можеле да се случат пред физичката смрт. Се е однапред одредено, многу пред ние прв пат да вдишиме воздух.

Вие никогаш нема да се сеќавате на одлуките кои сте ги донеле додека сте биле во облик на дух, но баш тие одлуки ќе ве водат низ животниот пат кои сами сте го избрале.

Поради тоа секогаш имајте разбирање и трпение кон она што ви се случува.

Ако се запознаете со некој кој ви се чини многу познат, тоа може да биде само затоа што одамна пред да се запознаете сте биле во духовна врска со него.

А ако во моментот ви се случува нешто чудно и незамисливо, верувајте дека на крајот сето тоа ќе има своја цел. Сите имаме теденција да се враќаме на оваа планета, и да се сретнеме со истите души...

Нашиот свет е големо мистериозно место во кое се се случува со причина. Но тешете се со сознанието да го правите она што вашата душа сака да го правите.

Додека стареете, не заборавајте од овој живот да ги извлечете најдобрите можни лекции. Нека вашата душа биде горда на вас.