„Душата им е убава та ништо друго не е важно“: Моќен статус на Снеже Велков за жената
Водителката и инфлуенсерка Снеже Велков е позната по многуте ТВ проекти на кои работела низ годините, а особено по нејзиниот последен проект „Нешто Конкретно“.
Но оваа дама активно вози велоспиед е веганка и редовно со своите следбеници на социјалните мрежи споделува дел од своето секојдневие, но неретко и си ја отвара душата, па знае да напише по некоја мотивирачка порака.
Овој пат искрено од срце се осврна на сите жени:
„Познавам убави жени кои мирисаат на парфем и едни убави кои мирисаат на тазе печена пита...
Познавам убави жени кои имаат јака шминка а и такви кои немаат грам шминка на себе
Познавам убави жени со изветвена облека.
Познавам и убави жени со брчки.
А знам убави жени и со средени брчки.
И знам убави жени кои седат дома и чуваат деца
Познавам убави жени со сопрузи
Има и едни убави, а сами
Знам и едни убави жени на високи функции и убави жени што работат на каса
Има едни жени убави-некои ги викаат бабичките од пазар.
Има и едни убави, а строги, едни па блескави и со по некој килограм вишок.
Убави се сите од погоре,
Оти ДУШАТА им е убава та ништо друго не е важно“.
Убаво е човек да прочита нешто мотивирачки, реално од љубов напишано, нешто кое можеби токму денес сме требале да го чуеме или прочитаме.
Фото: Инстаграм