Два месеци по породувањето: Водителката Милена ја покажа совршената фигура во мини здолниште (ФОТО)

Прво појавување на водителката Милена Антовска- Станковска, по неколку месечна телевизиска илегала, како што вели таа. 

Водителката од Канал 5 телевизија, Милена, на Св.Василиј ја роди својата втора ќерка на која по желба на сопругот, ѝ го даде името Јоана, тогаш за Женски Магазин сподели дека поминала потешко отколку на првото породување со ќерката Лана Марија, но дека ѝ е важно дека на крајот двете се добри.

Сега, два месеци по породувањето гостуваше во емисија каде ја покажа совршената форма во мини здолниште.


Пред некое време Јоана направи 40 дена, па мама Милена сподели слатка фотографија од неа.

Симболично е што и двете деца на Милена се родени на големи празници. Постарата ќерка Лана Марија има четири ипол години, на Голема Богородица, 28 август, таа ќе наполни пет.