Дванаесет часа не знаев каде се наоѓам: Дејан Миличевиќ проговори за мозочниот удар

Добивај вести на Viber

Доживеав транзиторна глобална амнезија, тотално губење на памтењето на одредено време. Во мојот случај тоа траеше дванаесет  часа, им откри познатиот режисер на музички спотови и моден фотограф Дејан Миличевиќ на српските медиуми за немилиот настан од пред две недели кога заврши во болница.

Миличевиќ раскажува дека тој ден се случувало сѐ најнормално пред наеднаш да му се слоши по пат додека одел во посета на мајка си која живее во близина на неговиот дом.

- Одеднаш застанав и не знаев каде се наоѓам. Го зедов телефонот и го повикав мојот пријател. Му реков дека не знам каде сум тргнал и го замолив да ми помогне - објаснува тој.

Режисерот уште еднаш му се заблагодари на тимот на одделението за мозочни удари за брзата интервенција, деталната анализа и преданоста.