ДВАНАЕСЕТГОДИШНИОТ МАРКО ЌЕ ГО ПРЕПЛИВА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО: Инфарктот нема да ме спречи

Добивај вести на Viber

Дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски од Охрид, во вторник, на празникот Голема Богородица ќе се обиде да го преплива Охридското езеро. И покрај здравствените прблеми, инфаркт на коска на долните екстремитети, вели дека ништо нема да го спречи да си го оствари сонот.

“ Сѐ започна во 2016 година во септември. Требаше да правам операција на тестиси, кога помина тоа почнаа проблеми со ногата, добив инфаркт на колкот. И оттогаш до ден денес не смеам многу да трчам, но тоа не ме спречува во намерата да  го препливам езерото, вели Марко во разговор за за порталот Охрид њујз.

Предвидено е тој да стартува утрото во вторник во 9 часот од Свети Наум, а доколку временските услови бидат поволни, се очекува должината од близу 30 километри до Охрид да ја преплива за околу 9 часа. Марко верува во себе и во сопствените можности без оглед на здравствениот проблем. 

Фото: А.Момироска- Охрид њуз