Две децении беспрекорна грижа за женското здравје: „Мала Богородица-Систина“ прославува 20-годишен јубилеј

Добивај вести на Viber

Илјадници насмевки, над 18.000 нови животи и над 40.000 успешни гинеколошки интервенции  - цели 2 децении брендот „Систина“ е синоним за беспрекорна и врвна грижа за репродуктивното здравје на жената и идните поколенија. Кога пред 20 години на 14 февруари 2001 годинапрвата специјална болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица – Систина“ ги отвори вратите за пациентите, функционираше на површина од 2.000 квадратни метри и со две операциони сали, но уште тогаш во неа се применуваа најсовремените методи и технологии во областа на гинекологијата и акушерството.Со самото отворање „Мала богородица - Систина“ донесе нова димензија во здравството, преку најдобра грижата за пациентите и применување на светските трендови во грижата за мајките и нивните најмили. Од самите почетоци на болницата медицинскиот тим беше составен од врвни докажани професионалци кои зад себе оставија многу успешни приказни.


Во „Мала Богородица“ е родено првото ин витро бебе 

Првиот бебешки плач во „Мала Богородица - Систина“ се слушна на 27 март 2001 година. Оттогаш до сега гинеколошко-акушерскиот тим, кој постојано растеше и се прошируваше, заедно со родителите се радуваа на над 18.000 први бебешки насмевки. Покрај породувања, во болницата се извршуваа сите гинеколошки интервенции, дијагностицирање и лекување на машка и женска неплодност, како и револуционерни инвитро постапки. Само една година по отворањето во „Мала Богородица“, на 19 јуни 2002 година на свет дојде малиот Ангел, првото бебе од епрувета. Со тоа „Мала Богородица - Систина“ стана пионер во воведување на најсовремените техники во гинекологијата и асистираната репродукција. Оттогаш до сега во Центарот кој сè уште го носи името „Мала Богородица“, се остварени соништата на илјадници семејства. Денес Центарот за асистирана репродукција се гордее со висок процент на успешно реализирани циклуси - близу 15.000вештачки оплодувања.

Специјализираниот Центар за асистирана репродукција е пионер во имплементација на асистираните репродуктивни техники во земјава и е составен од врвни професионалци со долгогодишно искуство од областа на асистираната репродукција. Максимална посветеност,индивидуален пристап кон пациентите и избор на најсоодветната метода на лекување е формулата која нам ни донесе успешни резултати.


Најсовремен центар за гинекологија и акушерија во регионот

Грижата за женското репродуктивното здравје, за идните мајки и за новороденчињата остана главен приоритет низ годините. Во 2011 година со прераснувањето од Специјална болница за гинекологија и акушерство во клиничка болница, „Аџибадем Систина“ вложи сериозна инвестиција во развојот на капацитети кои овозможија професионална грижа за идните мајки и нивните најмили во секој аспект. Денеска, болницата располага со најсовремениот центар за гинекологија и акушерство во регионот кој се протега на површина од 1847 метри квадратни(амбулантски дел, хоспитален дел, дневна болница и родилни сали). „Аџибадем Систина“ е најголемото приватно родилиште во земјава и регионот, каде што годишно се раѓаат околу 1.500 новороденчиња. Во грижата за пациентките вклучени се 14 искусни и високостручни доктори, 8 акушерки, 31 медицински сестри и 12 болничарки, кои се целосно посветени во обезбедувањето на врвна здравствена нега за жените од сите возрасти. Одделот е пионер во изведување бројни гинеколошки интервенции, како и во инвестирање на најмодерна технологија за дијагноза и третман.Болницата нуди специјални пакети за породување кои вклучуваат болнички престој, лабораториски анализи, анелгезија за безболно породување, ортопедски преглед на новороденчето, посета на патронажна сестра, консултативен диетолошки преглед за постпородилна исхрана, бесплатни педијатриски прегледи за новороденчето во првиот месец, како и доживотен попуст од 10 проценти за сите здравствени услуги за децата родени во „Аџибадем Систина“. Освен пакетите за породување, болницата  нуди и специјални пакети со поволни цени за гинеколошки оперативни зафати: тотална абдоминална хистеректомија, енуклеација на циста, дијагностичка лапароскопија, хистероскопска полипектомија, миомектомија, лапароскопска хистеректомија, конизација и серклаж. Вложувањето во професионалниот кадар овозможи „Систина“ да станеивисокопрофесионален центар за водење на ризична бременост, со што значително е намалена стапката на предвремено родени новороденчиња. Отворањето на најсовремена Единица за неонатална интензивна нега овозможи третман на критично болните, како и предвремено родените новороденчиња. Со отвoрањето на новата педијатриска болница, која ги содржи сите елементи (стационар, ургентен центар, дневна болница, поликлиника, детска кардиохирургија со интензивна нега), се заокружи целосниот третман на болести во детската возраст. 

Acibadem Sistina Baby - уникатен концепт за целосна грижа на идните мајки и новороденчиња

Специјално за идни мајки болницатасоздаде и уникатен концепт „Acibadem Sistina Baby, кој опфаќа низа бенефиции и предности и кој им овозможува на трудниците  да се чувствуваат сигурно и посебно во „Аџибадем Систина“. Концептот вклучува едукација за здрава бременост, бесплатни јога-вежби, медицинска масажа, стоматолошки преглед, бесплатни скрининзи, производи и водич за нега на новородени, едукација за доење, како и многу подароци и изненадувања.

Низ годините болницата успешно се развиваше и од специјализирана болница за гинекологија и акушерство прерасна во клиника со 40 оддели. Денеска „Аџибадем Систина“ е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот, која се простира на 24.000 квадратни метри затворен болнички простор распореден на 7 катаи нуди беспрекорна и врвнамедицинска грижа, применувајќи најсовремени протоколи во лекувањето на пациентите.


ПР текст