Животна училница // Приказни
ДВЕ ЕВРА ЗА ПРАЗНА ЧИНИЈА!: Лавина реакции, сопственичката се правда, туристите гневни!
- 11 Август, 2023
Во италијански ресторан на гости им наплатиле дополнителни две евра за празна чинија. Имено, извесна Селваџија Лукарели побарала сад повеќе за нејзината ќерка да ги проба тестенините, а на сметката се појавила и таа чинија. Откако посетителката ја објави сметката на својот интернет-простор, и регионалниот гувернер Џовани Тоти јавно го осуди овој потег на ресторанот.
По лавината интернет-коментари, се огласи и Ида Германо, сопственичка на угостителскиот објект „Остерија дел Каволо“ што се наоѓа на брегот на Џеновскиот Залив.