Две награди за агенцијата Њу момент на БЕАМ фестивал: Пешева гламурозна

Синоќа во познат скопски хотел се одржа  БЕАМ фестивалот кој ги наградува компаниите, агенциите и институции за најдобрите и најквалитетните настани за изминатата година. За наградите одлучува стручно жири составено од истакнати професионалци од креативни, маркетинг, ПР и ивент агенции, продукциски куќи и компании од Македонија.

Со две награди од фестивалот се здоби реномираната Њу момент агенција која се закити со награда за најдобар прес/ пр настан и најдобар коропоративен настан за 2023.



Со добиеното признание се пофали и директорката Ели Пешева која беше гламурозно скоцкана во црвен фустан.