Две роденденски торти од сопругата за Стојанче Ангелов: Еве колку години наполни

Добивај вести на Viber

52 години наполни вчера Стојанче Ангелов.

Тој за роденденот доби две роденденски торти од саканата сопруга Јасминка.

„Еден по еден, еден.

Една по една... 52.

Многу љубов и две роденденски торти од мојата сопруга Jasminka Angelova. Една блага, една горчилава“ - напиша Ангелов на социјалните мрежи споделувајќи фотографија.

Стојанче и Јасминка се заедно 20 години, а плод на нивната љубов се ќерката Сара и синот Марко.


„20 години заедно. 20 години љубов, почит и страст. Љубов крунисана со две најубави деца на свет. Деца кои потпораснаа за миг и веќе се тинејџери. А ние го искористивме овој голем ден за нас за планинарење низ падините на Шар Планина“, напиша неодаман Стојанче.


ФОТО: Фејсбук