„Среќа што мајка ми Анче никогаш не го видела ова“: Џамбазов во свој стил по најдена стара фотка од татко му и Тереза Кесовија
Секогаш свој и оригинален, детален, директен и без грам влакна на јазикот, Џамбазов зборува и пишува за се‘, а особено за секојдевието и случувањата во државата, но и за дешавките од неговото семејство и најблиските.
Овој пат откри дека додека пребарувал во фасцикла со важни документи наишол на фотографија од татко му, маестро Александар Џамбазов и хрватската пејачка Тереза Кесовија.
„Татко ми Џамбаз со Тереза Кесовија.
Фоткава ја најдов во неговата фасцикла со важни документи.
Среќа што мајка ми Анче никогаш не го видела ова. Не би ѝ било мило да ги гледа двајцава раскезени. Ко реклама за Каладонт се“, напиша покрај фотката Игор.
Фотографијата за неполни два часа собра над 3.500 лајкови и безброј позитивни коментари.
Фото: Фејсбук - Игор Џамбазов/ Youtube - screenshoot