Џеј Ло во „тетка“ издание направи моден кикс на годината: Звучи невозможно, но овој фустан ѝ додаде години (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Џенифер Лопез и Бен Афлек беа „фатени“ на улиците на Беверли Хилс додека излегуваа од еден популарен холивудски ресторан, а додека актерот беше прилично лежерно стилизиран, во негов стил, латино дивата се одлучи за женствено издание. Но, иако тренди и шик, оваа комбинација не ѝ беше најсреќното решение за неа!

Иако изгледа невозможно, ова малку „теткинско“ издание направи Џеј Ло да изгледа уморно, а притоа воопшто не прилега на нејзината фигура.

Таа се одлучи за лелеав фустан со средна должина во нежна, проѕирна ткаенина со преголеми ракави. Фустанот доаѓа во виолетово-окер боја, а иако принтот и нијансите се интересни, тие не ѝ прилегаат на познатата 54-годишната згодна актерка.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia / Profimedia

Ниту самиот крој не е за Џенифер, иако се обиде да ја истакне својата силуета со помош на широк, кожен ремен околу струкот, изгледа како фустанот да ја проголта и да ѝ додаде неколку килограми.

Изданието го заокружи со шик аксесоари во вид на чизми и чанта од прелиена кожа во прекрасна, пудра боја, но паднаа во втор план. Пејачката навистина ретко прави модни грешки, но ни се чини дека сега дефинитивно се зафркала. Што мислите?


Извор: zena.blic.rs