Џејда проговори за детството: Баба ми ме научи да мастурбирам на 9 години (ВИДЕО)
Џејда Пинкет Смит призна дека баба ѝ ја научила да мастурбира, во емисијата „Red Table Talk“ пред нејзината мајка Адриен Банфилд и ќерката Вилоу Смит.
„Баба ми ме научи за мастурбација затоа што сакаше да знам дека задоволството доаѓа од мене. Не сакаше некој маж подоцна да ми каже дека сето тоа е негова заслуга. И ме научи на тоа кога имав девет години", откри Џејда.
Нејзината изјава сега се шири на социјалните мрежи и, судејќи по коментарите, мислењата на луѓето се поделени.
„Чудно и лудо. Како можат да мислат дека ова е нормално" - е еден од коментарите.
Но, има и такви кои оваа донекаде шокантна исповед ја сметаат за нормална.
„Идеологијата зад ова е одлична и охрабрува, но знам дека тоа не е нешто за што би сакала да разговарам пред стотици странци, а тоа со мајка ми“, стои во друг коментар.
Да потсетиме, во истото шоу во 2018-та година, Џејда призна дека не сакала да се омажи за Вил и дека нејзината мајка ја принудила на тоа.
„Бев под голем притисок, знаете, јас бев млада актерка, а бев бремена и едноставно не знаев што да правам. Никогаш не сакав да се омажам“, изјави тогаш Пинкет.
Извор: www.b92.net