Џиновски сликовници со пораки за здрава животна средина создадени од креативните детски умови

Добивај вести на Viber

Во Музејот на град Скопје се одржа работилницата за деца „Мојата џиновска сликовница“, прва од шесте тематски работилници за развој на детската креативност, кои ќе се рeализираат летово под слоганот „Халки шарено лето“. Ментор на работилницата беше писателката Јулијана Величковска. Учесниците имаа задача да создадат творби со пораки за заштита на планетата Земја, чист воздух, здрава и чиста околина. Среќните и љубопитни дечиња се втурнаа во светот на креативноста и создадоа приказни од кои секој возрасен треба да се подзамисли. „Оги Џинот и Јован“, „Двете мали кучиња“, „Човекот кој ѝ помогнал на желката“, „Марко и змејот“ „Мачето Халко и херојот“, „Трите мачиња“, „Маша херој“ се само дел од насловите на сликовниците кои синоќа ги креираа вредните детски рачиња. 

Поддржувач и организатор на настанот е Халкбанк АД Скопје, која се погрижи и летово најмладите да добијат можност да учествуваат на интересни активности кои ќе придонесат за развој на нивните креативни вештини и знаења. 

„Со циклусот „Халки шарено лето“ повторно ги потврдуваме нашите заложби за развој на детската креативност и создавањето навики за читање и креативно изразување. Овие вештини се исклучително важни за правилниот развој на нашите деца. Среќни сме што дворот на Музејот на Град Скопје синоќа беше едно посебно и волшебно место, каде успеавме да креираме прекрасни сликовници, но и безброј искрени детски насмевки“, вели Маја Наумовска Савеска од Халбанк.  

Дечињата ги понесоа со себе креираните сликовници за да ги чуваат како дел од своите домашни библиотеки. 

„Дечињата беа љубопитни и вредни, брзо ги совладуваа задачите, беа комуникативни, си помагаа меѓусебе, се дружеа, пишуваа, цртаа, ја развиваа нивната имагинација на теми како екологија, соживот и емпатија кон луѓето, но и кон животните, инсектите, растенијата... Разговаравме за важноста на приказните, за важноста на читањето, научија кои состојки нѝ се потребни за да напишеме приказна за деца и како потем од таа приказна да се создаде (џиновска) сликовница. Верувам дека покрај сликовницата што ја изработија, со себе понесоа и нови знаења, нови искуства, радост заради новостекнатите другарчиња, весели спомени од работилницата и желба за уште слични настани и другарувања“, раскажува писателката Јулијана Величковска. 

Втората работилница е наречена „Танцуваме во Халки ритам“ и ќе се одржи следната среда под менторство на Бобан Русески, танчар и кореограф.

„Халки шарено лето“ ќе се реализира во попладневните часови, во текот на летните месеци. Сите работилници ќе се објавуваат на официјалната Фејсбук страница на Халки детско штедење, каде што родителите можат да ги пријават своите деца за учество, бидејќи бројот на учесници на сите работилници е ограничен. На крај од циклусот работилници ќе бидат презентирани сите создадени дела од патувањето наречено „Халки шарено лето“. 


ПР објава