Е ова е љубов за цел живот - Баба и дедо ја вратија вербата во љубовта на многумина: Не знаеле дека некој ги снима, па „браво за видеото“

Танцот на баба и дедо на тераса донесе надеж во љубовта за многумина!

Дали навистина постои вечна и вистинска љубов? Онаа што е исполнета со мали знаци на внимание, нежност и разбирање, дури и во подоцнежните години. Многумина се разочаруваат по неуспешната врска или брак и губат надеж како што стареат. Сепак, не е се така црно...

Видеото од заљубен пар во подоцнежните години им даде надеж во љубовта на многумина. На социјалната мрежа TikTok се појави клип, наводно од Балканот, во кој бабата и дедото весело танцуваат на тераса. Во еден момент дури и се држеа за раце и со насмевки танцуваа во ритамот на музиката, а не се ни посомневаа дека некој ги снима од страна, воодушевени од ретките моменти на љубов и среќа.


Во описот се вели: „Еве што е „Засекогаш“, кога некој ќе ти каже, или ти ќе кажеш некому. Вистинска љубов“.

„Колку е тешко да се најде ова денес, а сите го сакаме токму ова“, напиша една девојка, а други додадоа: „Убаво“, „Плачам“, „Браво за видеото“...

Видеото од танцот погледнете го ОВДЕ.


Фото и Видео: ТикТок