Еден од ретките моменти кога водителката Стефановска ја покажува својата мајка: Сподели фотографија од неа како прославува роденден

Периодов атрактивната водителка Елена Стефановска ужива во убавините на животот. Таа точно на Нова година од Москва сподели со јавноста дека нејзниот долгогодишен партнер Бојан ја побарал за жена. A, пред неколку дена среќниот пар својата веридба ја прослави во кругот на најблиските во својот дом со уникатна забава.

Водителката на емисијата „Живот со стил“ вчера сподели редок момент, таа ја покажа својата мајка, објавувајќи фотографија од неа како прославува роденден. Сега знаеме на кого личи познатата инфлуенсерка. 


„Среќен роденден Мами“, напиша Стефановска на Инстаграм стори, споделувајќи видео на кое нејзината мајка дува свеќи.


Фото: Инстаграм - Елена Стефановска

Можеби ќе ве интересира:

Со Бојан функционираме одлично: Новогодишно со Елена Стефановска

Зимски лудории: Како го поминаа снежниот ден познатите Македонци