Буквално живот со стил: Погледнете како изгледаше водителката Елена Стефановска на својата веридба

Добивај вести на Viber

Водителката и авторка на шоуто „Живот со стил“, Елена Стефановска, на новогодишната ноќ му кажа „ДА“ на својот долгогодишен партнер Бојан.

Бојан ја побара Елена за сопруга во Москва, Русија од каде водителката ги сподели убавите вести. А вчера, парот и официјално направи домашна забава за веридба, од која Елена ни долови мал дел на Инстаграм.

Водителката буквално блеска во Miss Sixty комбинација од Фешн Груп.

На забавата очигледно се нивните најблиски пријатели и роднини, а еве дел од атмосферата:


Во новогодишното интервју за Женски магазин Елена изјави дека двајцата со Бојан функционираат одлично.