Животна училница // Приказни
Зимски лудории: Како го поминаа снежниот ден познатите Македонци
Денеска во главниот град на земјава конечно падна првиот снег. Му се израдуваа и најмалите и најстарите, а пак познатите Македонци покажаа на своите профили на социјалните мрежи како го поминаа овој снежен ден.
Тамара Тодевска прво на прошетка низ Скопје, потоа со Хана во Маврово.
И нејзината сестра Тијана Дапчевиќ, уживаше шетајќи снегот.
Миа Костова успеа да го запали својот автомобил на прва, иако врнеше снег.
Лила Филиповска му се израдува на снегот заедно со синот Филип.
Сања Савевска го пречека снегот подготвена со тренди јакна.
Бремената водителка Анастасија заедно со ќеркичката Дениција уживаше во снежните лудории.
Ниту снегот не ја спречи Снеже Велков со насмевка да ги заврши понеделничките обврски.
Тазе верената Елена Стефановска прати поздрав од снежното Маврово, облечена во тренди модна комбинација.