„Еден посебен ден за мене“: Сашко Коцев горд на наградата од неговиот роден град

Македонскиот актер Сашко Коцев оваа година е лауреат за МТФ Денови на комедија Куманово 2024 година.

Коцев на неговиот Фејсбук профил напиша „Еден посебен ден за мене“.

Од кумановскиот театар „Трајко Прокопиев Куманово“ информираа дека оваа година добитник на наградата е Сашко Коцев.

„Фестивалот и Советот на Фестивалот МТФ Денови на комедија Куманово доделува награда „Васил Иљоски“ на актерот Сашко Коцев за особен придонес во театарска уметност, посебно во делот на комедиографијата.Наградата ќе биде врачена на денот на отворањето на Фестивалот Денови на комедија 2024 кон крајот на септември“, информираа од театарот.

Фото: НУЦК Трајко Прокопиев Куманово