ЕДИНА МУСА: Жените во спортот се послабо платени од мажите
Според кошаркарката и шампион во бикини фитнес, Едина Муса, жените спортистки помалку заработуваат од мажите.
„ Жените во спортот се послабо платени од мажите. А трудот кој го вложуваме ние е ист како и мажите, дури можеби и поголем. Иако немаме толку добри услови и не сме многу платени, ние посветено работиме и искрено се надевам дека тоа во иднина ќе се промени“, раскажа Едина за Женски магазин.
Нејзината исхрана како професионелен кошаркар спортист и тренер по фитнес зависи од тоа дали и претстои натпревар.
„ Начинот на исхрана ми зависи од тоа дали е период пред или по натпревар. Пред секој натпревар во фитнес, режимот на исхрана е многу строг. Се базира на чисто месо, варено или печено, значи повеќе протеини, а јаглехидраите и масите се сведени на минимум. По натпревар можеме малку да си го почастиме организмот“, изјави Едина.
Кошарка игра од шест години, а фитнес тренира од 18 години. Едина Муса, за своите 27 години може да се пофали со светски успеси во двата спорта. Најдраг и е оној од Франција, на светското првенство во бикини фитнес (2017 IFBB World Fitness Championships), кое се одржа на почетокот од од декември лани, во Бијаритс, Франција. Оттаму Едина се врати со освоено 12-то место.
Лани, по нецела година пауза, таа го направи и својот кошаркарски камбек и повторно заигра во женскиот КК „Вардар“. За својот сексапил и за сексапилот на секоја жена, вели дека може да биде само плус, но она во што најмногу верува се трудот и талентот.
„ За мој најголеми успех во кошарката го сметам тоа што играв во Америка во колеџ лигата НСАА. Таму настапував за Универзитетот„Линколн Меморијал“, четири години. Потоа се вратив во Македонија, и горда сум што речиси десет години играв за женската македонската кошаркарска репрезентација, и имам освоено доста награди со неа.“, изјави Едина за „Женски магазин“.
М.Џаровска