Единствена фотографија на која Панчо е повисок од Вера Мештеровиќ: Погледнете како му успеа тоа
Водителката на утринската програма на Канал 5 Телевизија се пошегува со разликата во нивната висина со македонскиот артист Панчо, едната половина од дуото ДНК.
Вера облечена во бел фустан со мини здолниште, со високи потпетици ги истакна нејзините долги нозе, која во споредба со Панчо тој изгледа многу низок.
Панчо заедно со Андреј знаат често да се пошегуваат на нивна сметка во врска со нивната висина.
Овој пат со Вера Мештеровиќ направија интересна фотографија додека таа стои до него, а тој е качен на столче за да ја стигне во висина.
„Снајди се па живеј“, напиша Панчо.
„Одличен пар“, „Перо од Али Експрес или зипуван Перо.мп3“, „Поддршка за братот Владимир Блажев со тебе сме брат“, „У наше маало викавме. Бурек можеш на глава сеа да и јадеш“, се само дел од коментари.
Фото: Фејсбук