Едита му приреди хаос на поранешното момче: Пејачката му го скрши телефонот и му ја изеде сим картичката
Пејачката е многу посесивна
Пејачката Едита Арадиновиќ вели дека е многу посесивна кога е во врска, поради што му скршила телефон на поранешно момче. Таа гостуваше во подкаст кога призна што е најлудото нешто што некогаш го направила во љубовта.
Едита се присети на моментот кога го фатила во измама своето тогашно момче, поради што телефонот му бил уништен.
Му нашла пораки од друга девојка, а тој се обидел да се оправда дека не ја изневерил. Ја излажал и дека телефонот му е изгубен, но додека биле заедно добил порака од таа девојка поради што збеснала.
- Најдов пораки во неговиот телефон, лажеше дека не ме измамил, му верував. Направи приказна дека му паднал телефонот, дека го нашле некои ватерполисти и го вратиле. Доби порака од неа, го зедов телефонот, го скршив и ја изедов сим картичката, а не беше микро сим, туку поголема - објасни таа.
Извор: www.espreso.co.rs