„Едната града никогаш не ми порасна“: Забележала дека градите не ѝ растат рамномерно, но лекарите ѝ рекле дека сѐ е во ред
Бека има многу ретко пореметување. Таа нема гради како сите други жени, но гордо го истакнува тоа...
Бека Бучер (26) од Јоркшир на 13 години забележала дека нешто не е во ред со нејзиното тело. Левата града не и се развивала со иста брзина како десната. Иако се обратила до лекарите за помош, не нашла одговор ниту разбирање. За тоа го обвиниле пубертетот и ја увериле дека се е во ред. Посетата на различни лекари траела пет години. Во меѓувреме, наишла на истражување и сфатила дека можеби боледува од состојба наречена Полски синдром.
Полски синдром е нарушување кое обично се карактеризира со споени прсти и неразвиеност на пекторалниот мускул, а во некои случаи и недостаток на развој на едната дојка кај некои жени. Најчесто влијае на едната страна од телото. Бека нема проблем со прстите, но левиот пекторален мускул е недоволно развиен. Овој синдром се јавува кај едно од 20.000 бебиња, а од непознати причини двојно почесто кај мажите.
Бидејќи Бека сакала да открие што не е во ред со неа и да добие третман, истражувањето што го нашла го однела на лекар. Сега таа е посветена на подигање на свеста за синдромот, со кој заработи 67.000 следбеници на Тик ток и повеќе од 7,8 милиони допаѓања на нејзините видеа.
- До 18 години лекарите не ме сфаќаа сериозно, а и сега ги едуцирам за мојата состојба, со оглед на тоа што е многу ретка. Се надевам на подобро образование и поддршка за Полска синдромот во иднина - изјави Бека во едно од нејзините видеа.
Лекарите и предложиле операција на градите за да бидат еднакви по големина, но таа одбила. Таа не чувствува потреба да го промени своето тело, иако нема ништо против ваква операција.
- Ме малтретираа за време на училиште поради моите гради. Тие коментираа дека никогаш нема да најдам момче бидејќи претпоставуваа дека имам мали гради, но тоа не влијаеше на мојата способност да најдам романтични партнери, всушност сега сум свршена. Сепак, оваа состојба навистина може да влијае на менталното здравје и самодовербата на девојките – заклучува Бека.
Фото: Принтскрин/ Тик ток
Извор: Najzena.alo.rs