Еднодневна изложба на илустрации во филијалата на Халкбанк во Скопје

Добивај вести на Viber

Еднодневната изложба содржи 15 илустрации од уметникот Трајче Павлов, оригинално работени за ексклузивното издание на „Сликовницата на Халки“, промовирана на крајот на октомври.

Идејата е со поставување на илустрациите, просторот на филијалите од нетипично галериски да се трансформира во простор каде што клиентите ќе се сретнат со уметноста.

Како поддржувачи на уметноста и културата, сакаме на нашите клиенти да им ја доближиме благородната природа на уметноста. Како банка на народот (halk на турски e народ), пред се’ мислиме на обичниот човек, кој можеби нема често можност за средба со уметничко дело во живо. Оттука и нашата желба да приредиме мало, пријатно изненад ување токму преку илустрацијата како најзастапен ликовен израз– вели Маја Наумова Савеска од Халкбанк.

„Сликовницата на Халки“ е концепирана врз важни теми за најмладите: другарство, толеранција, прифаќање, инклузија и борбата за здрава животна средина. Таа има и хуманитарна мисија - средствата од продажбата на секој примерок ќе бидат донирани за поддршка на децата без родители и родителска грижа згрижени во СОС Детско село.

Во филијалата покрај илустрациите ќе биде поставен и QR код за онлајн купување на „Сликовницата на Халки“.

Од Халкбанк велат дека Датумот и местото (филијалата) каде што следно ќе патуваат илустрациите исто така ќе бидат изненадување.

Уметноста е медиум за силни пораки.

ПР објава