Едноставен трик со кој детето ќе го оттргнете од екран

Ако ви е доста од караници со своите деца околу компјутерот, телевизија, таблети и паметни телефони, можеби ќе ви помогне советот од една мајка објавен на сајтот Parent.com. 

Имено, наместо да предупредувате, да се заканувате, да им ги одземате екраните од раце, да го исклучувате уредот, Анита Лиман препорачува да „изградите мост“ со своето дете прилепено за екранот и на тој начин да го вовлечете во реалниот свет на суптилен, но далеку поефикасен начин. „Кога и да одлучите дека е време детето да прекине со гледање во екран, одвојте малку време и седнете крај детето, обидувајќи се да влезете во неговиот свет. Гледајте телевизија со него или седете покрај компјутер и гледајте како масакрира вонземјани. Не морате долго, минута е доволно. Само учествувајте во неговото искуство. А потоа поставувајте му прашања за тоа што работи“. „Што гледаш?“ може да биде сосема доволно за некои деца, додека на други треба да им се постават конкретни прашања. „На кое ниво си сега?“ или „Таа смешна фигура во заднина, кој е тој?“ Сите деца сакаат кога родителите се интересираат за нивниот свет. Ако се премногу обземени со она што го прават и не реагираат, не се откажувајте. Само поседете малку, па запрашајте нешто. Кога еднаш детето ќе почне да одговара на вашите прашања и да ви раскажува за тоа што видело на екран или направило во виртуелниот свет, тоа значи дека почнало да излегува од зоната на отуѓеност и да се враќа во реалниот свет. Полека излегува од таму и станува свесно за вашето постоење. Изградивте мост и почнавте да комуницирате, и чудо ќе се случи. Сега можете полека да почнете да разговарате за тоа дека е време за јадење и капење, или дека дошол часот да престане со игри

Поради тоа што претходно сте се „поврзале“, детето ќе ве слушне и со многу поголемо задоволство ќе ве послуша. Вниманието со кое го опсипавте можеби ќе биде подраго од екранот во кој гледал. „Мене самата свест за тоа што се случува во главата на детето многу ми помага да ја контролирам неговата употреба за уреди. Не оди баш толку лесно, но откако го применувам овој трик немавме ниту една бунтовност“, вели Анита. 

Значи, кога сакате да го прекинете детето да гледа во некој екран, направете го следново:

  • Седнете крај него на половина минута или цела минута, и едноставно набљудувајте што работи.
  • Поставете некое безначајно прашање за тоа што се случува на екран. Децата сакаат кога покажувате интерес и со задоволство ќе ви одговорат.
  • Еднаш кога ќе ја започнете приказната, вие изградивте мост, и детето полека исчекорува од виртуелниот во реалниот свет.
  • Уживајте во заедничкиот остаток од денот.