Лепа Брена се огласи по раѓањето на внукот
Пејачката Александра Пријовиќ утрово се породи во Белград, а на синот, со сопругот Филип одлучија да му го дадат името Александар.
Лепа Брена, која Филип, синот на нејзиниот сопруг Боба од првиот брак вели дека го сака како свое дете, вели дека е пресреќна за новиот член во семејството.
„ Сите сме пресреќни. Со нетрпение го очекуваме бебето секој ден. Добро ни дојде“, изјавила Брена за „Блиц“. Порталот пишува дека Брена не ја симнува насмевката од лицето, а семејството Живојиновиќ добива многу честитки. Мајката и бебето се чувствуваат одлично.
„ Александра е мојата поддршка и јас сум нејзината.Таа е нашиот нов член од семејството и ја доживувам како едно девојче кое тргна исто како и јас, токму од нула. Навистина сакам да ѝ бидам од помош и да ѝ дадам совети кои никој не може да и ги даде. Сум го поминала целиот тој трнлив нејзин пат. Таа ја има својата мајка која и е голема поддршка, а јас можам да ја советувам за работата и за животот. Среќа, таа е личност која следи, слуша, и ги применува работите од другите кои се добри. Не може никој да биде ничиј наследник. Сите ние сме оригинали и секоја копија или прашање кој ќе ме наследи мене или било кој друг се непотребни. Александра е птица која пее со свој глас, а јас сум тука за се што ѝ треба“, изјави Брена во интервју за Женски магазин минатата година.