Ефикасна диета: Изгубете 10 килограми за 2 недели со исхрана со тиква

Добивај вести на Viber

Овој благодат од природата е во ек на сезоната. Тиквата ја поттикнува работата на цревата, ги зајакнува нервите и притоа има малку калории. Таа има се на се 30 калории во 100 грама, може да се подготвува на безброј начини и е одличен избор за оние што сакаат да ослабат. Со оваа диета можете да ослабите од шест до десет килограми за две недели. 

 

Мени за 4 дена  

Прв ден

Појадок: варена тиква со морков и сок од лимон и каша од варена тиква со додаток на житарици. Ручек: супа од зеленчук со тиква (пиперка, морков, кромид и малку компир), 150 грама пилешко филе и парче интегрален леб. Вечера: тиква печена во релна. 

Втор ден 

 Појадок: каша од тиква, шолја немасен јогурт и една интегрална кифла. Ручек: крем супа од тиква и рижото од тиква и печурки. Вечера: 150 грама овошје по избор.

Трет ден

Појадок: каша од варена тиква и едно варено јајце. Ручек: супа од зеленчук со тиква и мусака од тиква и мелено месо. Вечера: две парчиња тост и салата од печена тиква со ананас. 

Четврт ден

Појадок: две парчиња солена пита од тиква и шолја немасен јогурт. Ручек: крем супа од тиква, гулаш од тиква (се подготвува како и секој гулаш, само што наместо месо се става тиква) и парче интегрален леб. Вечера: тиква печена во рерна.