Екс минстерката Нина има „мозок“ маж: Сопругот стана доктор на науки, среќата не ја кријат

Добивај вести на Viber

Сопругот на поранешната министерка за финансии на земјава, Нина Ангеловска стана доктор на науки. Нина објави фотографии од бранењето на докторската дисертација на нејзиниот сопруг, Виктор Станков на Медицинскиот факултет во Скопје.

На фотографиите Нина изгледа среќно и горда на својот сопруг.

Инаку Виктор Станков, е син на д-р Оливер Станков, професор на Клиниката за урологија.

Ангеловска е успешна бизнисменка, таа во 2019 година стана министер за финасии и беше една од најмладите македонски министри. Претходно, јавноста ја пзонаваше како основач на Grouper.mk и претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. А денес таа е менаџер за интернационален бизнис развој на Ananas e-commerce.