Ексцентрично парче: Матрикс мантилот на Наоми Кембел ќе ве воодушеви или збуни?
фото:EPA/IAN LANGSDON
Најголемата дива меѓу супермоделите, Наоми Кембел, прошета во пролетен капут кој навистина се разликува од сѐ она што досега сме виделе.
Ова интересно парче ќе ве збуни или воодушеви - но нема да ве остави рамнодушни.
Наоми е господарка на скандалот, модел кој честопати се претставува како главен негативец во светот на модата поради различните испади во медиумите.
И токму таков е и нејзиниот стил: таа често изненадува и шокира, но предизвикува и воодушевување. Овој пат, за ручек со пријателите, таа избра мантил што ги подели мислењата.
Наоми изгледаше како да излегува од трилогијата „Матрикс“ во долг кожен капут, кој всушност нема ракави. Ова необично парче ѝ даде интересна силуета, а многумина се пошегуваа дека само некој како неа може да изгледа добро како еден голем правоаголник.
Наоми го комбинираше мантилот, кој всушност е прдименизиониран кожен елек, со неочекувани спортски парчиња.
Таа избра патики со скејтерски дизајн, необичен украс за коса и додаток што е чист луксуз. Скапа торба Ермес Биркин, која е повредна од злато, бидејќи нејзината вредност со текот на годините само расте.
Ретко кој би избрал такво ексцентрично парче за обичен ручек - но Наоми не е обичен модел, туку модна икона.
Што мислите за нејзиниот капут - ве воодушеви или збуни?
фото:TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia
извор:nova.rs