Супер моделот Наоми Кембел денес полни 50 години: „Мора да грешите! Така функционира светот“

Добивај вести на Viber

Црниот бисер во модната индустрија, Наоми Кембел, го слави својот 50-ти роденден.

Таа е првиот црн модел во светот што ја предводеше насловната страница на престижниот моден магазин Vogue.

Родена е во Англија на 22 мај 1970 година и ја одгледала само нејзината мајка, танчарка од Јамајка.
Нејзиното прво појавување во јавноста беше во спотот за песната на Боб Марли „Is This Love“.

Кога ја започна својата модна кариера, таа имаше едвај 15 години, а со текот на годините беше и пејачка, актерка и авторка.
Студирала на лондонската академија за изведувачки уметности.

Во 1991 година, списанието „People“ ја прогласи за една од 50-те најубави жени во светот.

По повод нејзиниот роденден, споделуваме со вас неколку од најдобрите и најинспиративни цитати од Наоми, како и некои од нејзините модни изданија:

„Никогаш не се плашев да побарам помош “


"Мора да грешите! Ова е начин да се стекнете со искуство и мудрост. Така функционира светот!"

„Сакам да контролирам сè, но реално е невозможно. Понекогаш мора да кажете: 'Нека биде како што мора да биде!'“

Оваа година, Наоми Кембел повторно се врати на модната писта по 14-годишен прекин.