Елегантно и софистицирано, како што ѝ доликува на една оперска дива: Ана Дурловски блесна на сцената на Филхармонија

Добивај вести на Viber

Една е таа е, оперска дива, нежна, неповторлива, со извонреден вокал, во исто врме емотивна и моќна, македонската оперска дива Ана Дурловски.

Со вонземската изведба на вокалниот циклус од Ерих Корнолд на сцената на Филхармонија се врати Ана Дурловски.

Секогаш облечена онака како што налага сцената и настапот. За 80-от роденден на Филхармонија, а воедно и отворањето на новата концертна сезона, Дурловски одбрала црна комбинација со интересни везови.

Како што налага и дрес кодот за една ваква сценска изведба, елегантно, пристојно и софистицирано.

Ана одбрала целосни црни панталони кои на долниот дел имаат везови со сини цветови. Еден ист таков цвет беше аплициран и на нејзиниот горен дел. Ваквиот изглед Ана го надополнила со уникатни обетки во вид на лист со сина боја.

Целата комбинација одлично се совпаѓа со нејзината боб фризура, овој пат во кадрава форма.

Ана е сопруга на познатиот македонски тенор Игор Дурловски со кој имаат три деца. Парот повеќе од 15 години живееше и твореше во Германија, но потоа се вратија во родната земја. И двајцата имаат успешна светска кариера.

Македонската оперска дива е добитничка на европскиот оперски оскар „Фауст“ и првиот оперски пејач што настапил на сцената на најголемата оперска куќа во светот „Метрополитен“ во Њујорк.

Фото: Маја Аргакијева/ Филхармонија/ Фејсбук
РЖМ