Елена Петреска и сопругот Андреј им го остварија сонот на нивните деца: Ги однесоа на место каде цртаните јунаци се реалност
Пејачката Елена Петреска и сопругот Андреј им направија изненадување на своите деца, Софиа и Михаил.
Тие им го остварија сонот за кој мечтае скоро секое дете, да замине во посета на Дизниленд каде во живо ќе ги запознае сите цртани јунаци и ќе ужива во најразлични авантури.
Петреска објави фотографии како нејзините деца се забавуваат. Турата да се шета Дизниленд во Париз е и напорна, неколку часа не се доволни за да ги видиш сите активности кои ги нуди овој парк. За семејството на пејачката им биле потребни два дена за целосно уживање во авантурите.
Инаку Елена со сопругот и децата се пресели и сега живее во Белгија. Во интервју за Женски магазин, таа ни откри дека многу брзо и лесно се адаптирала на начинот на живеење на Белгијците и нивниот менталитет, што веќе дури се чувствува како дома.
Фото: Инстаграм