Елена Петреска на роденденско патување во Париз: Ги собра сите погледи, а еве и зошто
Иако во последно време е послабо активна на поп-сцената, музиката е и понатаму дел од нејзиниот живот, а Елена Петреска е активна од друга страна на социјалните мрежи.
Деновиве таа е на патување со семејството, а сподели видео како шета низ Париз и ги краде сите погледи.
Дотерана од глава до пети, Елена прошета во светкав фустан и влезе во еден елегантен ресторан. Целото нејзино влегување го следеше камера, а видеото може да го видите поддолу.
Родена на 1 август , Елена денес е во брак со Андреј Толевски, мајка на Михаел и на Софија. Таа еднаш кажа дека ничиј живот нѐ е мазен ниту совршен колку и да изгледа така. Во една прилика за Женски магазин таа ја раскажа нејзината животна приказна која може да ја прочитате тука.
ФОТО: Инстаграм принтскрин