Елена Реи во кампањи за најмоќните кинески брендови
Еден од нашите најдобри и најпопуларни модели Елена Реи изгради неверојатна кариера. Сепак големата пресвртница беше кога работеше на ревијата за Келвин Клајн и веднаш потоа кога модната библија Vogue ја стави на својата листа со модели, на кои им предвиде блескава кариера. За среќа тоа навистина се случи па денес Реи може да се пофали со фантастично портфолио во светскиот моделинг. Па така пред да си замине од Кина успешно ги промовраше и кампањите за најголемите кинески брендови како MOTF, SHEIN и D: FUSE.
Со право и гордост можеме да констатираме дека нашиот најуспешен топ модел ја покори Азија велат од нејзината матична агенција Моделс ИН од Скопје. Инаку нејзината кариера започна сега веќе во далечната 2009 година, но за само две години работеше ревии во Милано за светскиот бренд Blumarine.