Елена Велевска: Се обидуваат да ни ја уништат среќата

Со објавата на својот Фејсбук профил, фолк-пејачката Елена Велевска, која неодамна по втор пат потврди дека се разведува од сопругот Маријан, ја заинтригира јавноста. 

„ Дали сте се запрашале што е среќа? Да сме задоволни од она што го имаме.  Да уживаме во она што го работиме. Да бидеме хумани. Да ги игнорираме оние кои се обидуваат да ни ја уништат среќата. Да подариме секому насмевка (оние кои не сакаат им е доволно толку,оние кои не не сакаат нема да можат ни да ни се насмевнат во лице). Животот е многу убав за да не се искористи, погледнете зад себе што оставаме,тоа доволно зборува за нас“, напиша Велевска.

Минатото лето, фолкерката која со сопругот и со трите деца живе во Охрид објави дека се разведува поради семејно насилство. По неколку месеци, таа изјави дека поради децата решила да му даде шанса на својот брак. 

Неодамна, ТВ емисијата „Ексклузив“ објави дека Велевска сепак се разведува, а таа не даде никаков коментар.