Фолк-пејачката Елена Велевска се раведува од својот сопруг Марјан, објави 1ТВ.
Летово, медиумите пишуваа дека Велевска поради семејно насилство се разведува, но во октомври лани, пејачката изјави дека на сопругот му простила и поради децата сака да го сочува бракот.
„ Како зрели личности, првенствено родители на три малолетни деца, јас и мојот сопруг Марјан решивме да го затвориме лошото поглавје во нашиот живот, и да му дадеме шанса на семејството, и секако на љубовта која што ја имавме со години наназад. Повлечена е бракоразводната парница“, откри Велевска лани.
Фолк-пејачката со сопругот Марјан отакко се омажи живее во Охрид и е мајка на Софија, Калија и Марко.