ЕМ ПОЕВТИНО, ЕМ ЌЕ ГИ ИЗБЕГНАТ ПЕКОЛНИТЕ ЖЕШТИНИ: Македонците сè почесто одат на море во септември и октомври

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани сè почесто одат на море во септември и октомври. Од туристичките агенции во земјава потврдуваат дека цел септември имаат аранжмани за посета на повеќе земји, во регионот и подалеку. Велат дека се смени климата, но и навиките на луѓето. Граѓаните бираат да одат на море во септември и октомври поради пониските цени, но и затоа што преку лето е пеколно жешко. На тој начин заштедуваат, но и времето уште е пријатно за да можат да одмораат на плажа, да се капат и да шетаат.

„Има аранжмани за септември, највеќе одат двојки и повозрасни лица. Семејни луѓе имаме помалку, затоа што децата се на училиште. Повозрасните си сакаат да одат на одмор во септември поради температурата, исто така има луѓе кои сакаат да избегнат гужви и жештини. Септември е најубав месец за одмор, можат цел ден да бидат на плажа“, додаваат од туристичката агенција Хавана Травел од Скопје.

Слични се искуствата и во другите туристички агенции во земјава.


Подетатлно читајте на Фактор тука.