EMILIO PUCCI И ACQUA DI PARMA: Виорот на радоста, убавината и солидарноста

Добивај вести на Viber

Во година на големи тешкотии, две италијански куќи ја разубавеа празничната атмосфера со новата колекција кога го слави животот, љубовта и радоста.

Обединети со заеднички вредности, духот на празничната радост и големата страст кон убавината, Acqua di Parma и Emilio Pucci заедно даваат поддршка на меѓународната организација Save the Children, која веќе 100 години помага на загрозените деца, низ кампањата „Rewrite the Future“. Свесни за значењето на образованието и културата за развој на иднината, дел од приходот на секој сет се донира баш на оваа организација.

Emilio Pucci е компанија која е специјализирана за креирање на оригинален дизајн на живописен колорит. Основачот на компанијата создаде богат универзум на препознатливи дезени, но и непогрешлив стил за кој е награден со признанието The Prince of Prints.

Соработката помеѓу двете компании изразува совршена хармонија на радосниот стил на Emilio Pucciи блескава елеганција на Acqua di Parmа.

Дезенот Vortici е инспириран од веќе постоечката тема од архивата на Emilio Pucci, во комбинација со препознатливата жолта боја на Acqua di Parma, реинтерпретиран низ хармонично движење на светлоста и бојата, со златни детали. Vortici (виор) на позитивност и радост на живеењето не води на патување низ италијански предели, историски локации, софистицирана убавина, урбана архитектура, преубава цветна градина, медитеранско крајбрежје.

И баш за овие новогодишни празници, некои од најпознатите колекции на Acqua di Parmaја облекоа Vortici облеката. Препознатливите сетови преоблечени во живописен празничен колорит се едноставно must have.

Препознатливата Colonia, како и Colonia Essenza од 100 ml, може да се најдат во елегантните сетови со гелови за туширање и дезодоранси.

Blu Mediterraneo е незамислив без своите бест селери Mirto, Fico и Arancia. Тоалетна вода од 75 мл, 40 млгел за туширање и 50 мл лосион за тело ќе не потсетат на мирисот на море и бескрајните сончеви денови.

Празничната магија Le Nobiliги претставува Rosu и Magnoliu. Овој пат може да ги најдете во сетови со парфеми од 100мл, гел за туширање од 75мл и крема за тело. Magnolia ќе ги израдува припадничките на понежниот пол со Beauty Ritual сет со парфем, крема за раце, но и парфем за коса.

Acqua di Parma и овој пат се погрижи и за Вашиот дом да замириса магично. Сввеќата и дифузерот Notte di Stelle ќе ја зачинат интимната атмосфера со ноти на бор, каранфил и малини, Останува само да се препуштите и да уживате.

Ви посакуваме пријатни и среќни новогодишни празници!

Празничните сетови на Acqua di Parma може да ги најдете во парфимеријата Fabu Spot Marriott.