Емисија 08.06.2020: Тик Так и Зорка на „Радио 2“

Одличен почеток на денот за сите ранобудници со Тик Так и Зорка на „Радио 2“. Сега нивните емисии може да ги слушате и на Женски Магазин.

Денот го започнуваме со игра - најди го полицаецот. Со оглед на тоа дека сите си заминаа од Скопје, очекуваме дека и полицијата е на некое туристичко место. 
Според она што го има во групата за украдени точаци, крадците ова го имаат искористено до максимум. 
Со оглед на тоа дека ни тргна со преработки на Т'га за Југ, денеска имаме уште една Корона верзија. 
Тик Так ја очекува ташатата на гости, па бара креативен начин да се справи со неа, а при тоа честита и роденден!
За крај, ни стаса протокол од Охрид за испраќање на туристи назад во своите домови. 
Се она што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути, ОВДЕ