Емоционално интелигентните луѓе ретко се лутат бидејќи го следат ова правило
Познавате ли некој чии одговори секогаш се најдобри во секоја ситуација, дури и кога емоциите се преплавени?
Голема е можноста дека таа личност има голема емоционална интелигенција која се однесува на способноста на поединци да управуваат со сопствените емоции и со емоциите на луѓето околу себе. Емоционално интелигентните луѓе често остануваат мирни дури и во најжешките ситуации.
Емоционално интелигентните луѓе знаат дека времето е важна алатка за решавање на проблемите. Да си дадете време за вашите емоции и да набљудувате со широка слика за некоја ситуација, ве спречува да испаднете од контрола, да покажете фрустрации, лутина или жалост. Било кое избувнување кон некоја реакција, ќе помине во рок од неколку часа, па внимателно размислете како ќе продолжите.
Ваквиот начин на решавање на проблеми има долготрајна заштита на вашите најважни односи. Одземањето време на личноста која ве повредила или налутила, покажува почит и кон нејзините чувства.
Така да, следниот пат ако некој ве вознемири, едноставно тргнете се од таа личност на 24 часа. Обидете се, да мислите на нешто друго.