Емотивно: Дани Димитровска со знаковен јазик ѝ посвети порака на својата мајка - „Не се откажувај од себе“

Добивај вести на Viber


Пејачката Дани Димитровска, со знаковен јазик и посвети силна порака на својата глувонема мајка, со која испрати многу љубов. Таа на знаковен јазик воедно им испрати порака на сите жени на свет по повод денот на жената.

- Доволна си, сакана си, вредност си … Се може да се среди и да се почне од почеток. Не се откажувај од себе си, изјави пејачката.


Сепак, иако нејзините родители имаат оштетен слух, тоа не ги спречило да и ја дадат сета љубов на овој свет, и да и ја создадат најголемата, онаа кон музиката.

„Мајка ми и татко ми се глувонеми, па од таму љубовта за музиката, која, за жал, не секој може да ја чуе. Но татко ми еднаш ми рече дека музиката не е само за слушање, таа се чувствува и во срцето, можеби тоа беше клучно уште повеќе да ја засакам музиката“, изјави своевремено пејачката.

Фото:facebook