Еротски приказни: МАГИЧНА ПРОШЕТКА
Многупати во нашиот живот случајно дознаваме некои скриени тајни. Истото ми се случи и мене. Двапати отидов кај Ема, и пред да чукнам на нејзината врата, двапати открив некоја тајна. Кога отидов првиот пат, ја видов како плаче со отворена врата, а сега ја видов како води страсна љубов со нашиот раководител Фис.
Стоејќи пред врата, помислив завршија со водењето љубов, но тие продолжија да се милуваат. Фис беше со спуштени панталони и со расплетена кошула, а Ема сосема гола. Стоев заледена на подотворената врата, меѓутоа тие не забележуваа ништо. Бакнувајќи се со страсни бакнежи, двајцата се движеа полека кон бањата.
Ема му ги распетлуваше копчињата од кошулата, едно по едно. Тој најпрво и ги бакнуваше прстите од раката, па целата рака. Потоа, се наведна и ѝ ги милуваше градите и ѝ ги бакнуваше градите, па продолжи да ѝ ги гризе дојките. Ема му ги соблече панталоните и Фис остана гол по боксерки од кои се истакнуваше набрекнатиот „орган“. Ема се доближи се наведна и му ги соблече полека и нежно боксерките од кои рипна неговиот „орган“.
Со лицето се доближи до него и почна да му го лиже неговиот влажен и лигав „орган“. Му го лижеше жестоко и примамливо и тој почна да се вцрвенува. Фис беше возбуден и почна да ѝ зборува: „Ема, не можам без тебе. Го обожавам твојот мирис, твоите пламени очи, твојот милослив поглед, твоето тело. Не се обидувај да заминеш некаде, ќе те најдам каде и да си. Ти си моја и ќе останеш моја засекогаш“.
Овие негови последни зборови не ми се допаѓаа и почнав да се повлекувам додека тие влегоа во тоалетот по водењето љубов да се тушираат. Набргу се слушна како од тушот тече вода. Влегов во мојата соба. Седнав и по извесно време слушнав гласови. Претпоставив дека се испраќаат, а на излегување го слушнав Фис како и кажува на Ема: „Вратава не се затвора добро. Утре ќе ја поправат мајсторите. Може да се слушне сè“.
Во меѓувреме, го отворив лап-топот да видам дали има Интернет. Прелистав по Интернетот и некој срамежливо ми тропна на врата. Ја отворив вратата. Тоа беше Ема. Ме погледна со нејзините убави и симпатични очи и ме праша: „Мери што правиш? Беше кај директорот?“ Ѝ реков дека бев и ѝ кажав дека утре ќе одам на прошетка.
Потоа, ми раскажа дека за секој нов вработен кога првпат ќе дојде, се организира прошетка низ градот за да се запознае со околината. Тоа го слушнав од сите денес. По обичај, го придружуваат неколку луѓе од персоналот кои што ќе бидат најблиски соработници, а воедно и да се запознаат меѓусебно. Ги придружува Фис или директорот Руди Кес, ако е слободен. Ема ми рече: „Среќна сум што дојде баш ти овде. Уште кога доаѓавме овде, некако ми беше интересна. Има уште една девојка со нас на катов, Кармен. Со Кармен се дружиме, но во моментов е отсутна, меѓутоа ќе се врати деновиве“.
Таа престана да зборува, ѝ падна нешто на ум, и веднаш потоа продолжи: „Мери, знам дека си изморена, но те молам, ајде да прошетаме. Голем е комплексов, ќе ти биде потребно време за да научиш што каде се наоѓа. Што велиш?“ Сакав и јас да ѝ предложам да прошетаме. Излеговме надвор. Под имотот надолу преку патот и карпите, се гледаше морето од висина. Позади нас имаше неколку помали згради како нашата. Позади големата зграда имаше помали бараки поврзани една со друга. Тие беа позади една мала шума во која имаше и поток. Пешачејќи стигнавме во шумата каде што имаше ставено клупи за седење. Со Ема седнавме на една клупа. Беше топло, тивко и црвеното сонцето што беше многу високо, почна да заоѓа. Пурпурната боја од сонцето заедно со зеленилото од шумата создаваа некоја идилична, магична атмосфера. Како да се наоѓав во некоја бајка.
Ема почна да ми раскажува за нејзиниот живот. Била мажена, имала и дете, меѓутоа сопругот починал во сообраќајна несреќа. Останала без никакви финансии. Случајно, некоја сестра која се вратила од тука за да ѝ помогне ѝ дала број од клиниката и така стигнала овде. Во план ѝ било само една година да остане тука поради синот кој бил многу мал. Таа ми објаснуваше дека е убаво овде, дека условите се добри и финансискиот надоместок е одличен, но поради малиот сака да се врати во родната татковина. Мислела и сега да не се враќа, меѓутоа, ете, се вратила.
Полека се враќавме накај собите бидејќи почна да се стемнува. Надвор имаше мажи кои седеа на клупи. Ема ми објасни дека се тоа пациенти и вработени.
Вечерта слеговме на вечера. Имаше и неколку жени кои седеа по масите и вечераа. Ема ме претстави и тие весело ме поздравија. Потоа, седнавме да јадеме на една маса. Јадењето беше убаво приготвено. Мали питички со сирење, јогурт, проја и димен говедски бут исечен на тенки листови. Имаше за десерт мали парченца баклава. Имаше за пиење чаша вино, кока-кола, минерална вода.
По некое време, на масата ни се придружи Фис. Двајцата со Ема толку вешто глумеа што никогаш не би претпоставила дека се во врска. Седна со намера да нè извести за утредента дека накај девет часот ќе тргнеме на прошетка низ градот и низ околината. Му сервираа вечера на нашата маса и со нас вечераше.
Тој ѝ се обрати на Ема за да ѝ каже дека и таа ќе дојде со нас и неколку други колеги со кои ќе соработуваме. Јас весело и одушевено се насмеав. а Ема беше одмерена. Со вечерата зедовме по една чаша вино за да наздравиме за нов почеток. Беше доцна. Станавме и се разделивме. Јас и Ема заминавме во нашите соби, а Фис отиде во главната зграда.
ПРИЈАТЕЛКИ