Есма Реџепова посвои 48 деца, а вака изгледа нејзината единствена ќерка: Елеонора тргна по нејзините стапки

Добивај вести на Viber

Во 2012 година, кралицата на ромската музика одлучила за прв пат во животот да посвои ќерка, која пејачката ја сметала за нејзин музички наследник.

Покојната пејачка Есма Реџепова почина пред речиси осум години, на 73-годишна возраст, а покрај богатото музичко наследство, зад себе остави и бројни деца кои ги одгледа со сопругот.

Имено, таа и нејзиниот сопруг во текот на животот посвоиле 48 деца.

Таа заедно со починатиот сопруг Стево Теодосијевски посвои дури четириесет и седум сина, а во 2012 година за првпат во животот реши да посвои ќерка, која пејачката ја сметаше за свој музички наследник.

- Не е тајна дека јас и Стево не можевме да имаме свои деца. Но, преку овие деца, ние се остваривме како родители.

- Има жени кои родиле десет или дванаесет деца, но мислам дека јас сум единствената на светот која е мајка на четириесет и седум сина - изјави таа во една прилика за магазинот Hello.

Ќерката на Есма Рџепова, Еленора Мустафовска тргна по стапките на мајка си. Студирала соло пеење на Универзитетот ЕСРА во Скопје, а пред три години се приклучила на семејната група „Есма бенд“.

Покојната кралица на ромската музика имаше кариера долга 55 години, а од 2013 година ја носи и титулата национален уметник на Македонија.

- Одлично се согласуваме, исто како мајка и ќерка. Сфатив дека во подоцнежните години е подобро да имаш женско дете со тебе отколку машко и не згрешив.

Елеонора беше придружен вокал на Есма во 2013 година кога настапи на Евровизија во Малме - Шведска заедно со Влатко Лозаноски.

Фото: Фејсбук